Во Карпош ќе се постават нови хидраулични контејнери

Во Карпош ќе се постават нови хидраулични контејнери кои цело време ќе бидат затворени. 

-На овој начин ќе спречиме разнесување на отпадот низ населбите - на ова работиме заедно со Град Скопје. Исто така, планираме поставување на поголем број корпи за отпадоци за џебен отпад. Секој од нас носи одговорност за здрава и чиста животна средина, вели градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.