Во Карпош: Европски комплекс за возразни лица - инвестиција која ќе отвори 200 работни места (фото)

„Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ на територија на општина Карпош е предвидено да биде најголемото живеалиште за возрасни лица – пензионери во регионот и истото да обезбедува широк спектар на медицински и општи услуги за грижа и нега на активни и неактивни пензионери од државата и од странство, пренесува 1тв.

Овој комплекс е презентиран и препознаен како проект од исклучително значење, но и проект од национален интерес за Р. Македонија.

Истиот е значаен за развојот на локалната заедница, развојот на туризмот, медицинскиот туризам, но и вкупната економија.

Заедничката цел и мисија на ГП Дрим Билдинг и МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ СКОПЈЕ е да создаде заедница, каде клиентите ќе уживаат во приватноста, удобноста и здравствената сигурност која нуди широк опсег на медицинска грижа и нега со комплетно опремена здравствена установа со дијапазон на здравствени услуги, во функција на зачувување на здравјето и на најранливите клиенти на комплексот, но и сервис кој е предвидено да биде достапен и за надворешни корисници.

Без разлика дали клиентот има потреба од долг престој, краток престој, дневен престој или потреба од медицинска грижа и нега, „Европскиот комплекс“ ќе биде првиот и единствен избор што опфаќа бројни можности прилагодени на специфичните потреби на таргетираната заедница.

Услугите кои ги обезбедува овој центар се достапни и за домашни и странски корисници. Фокусот е ставен на потребите за удобност, приватност и медицинска сигурност на нашите корисници. Тоа се лица кои посветувале поголемо внимание на интимноста што некогаш им ја нудел сопствениот дом и го бараат истото и сега, во деновите на нивното пензионирање.

Целокупниот проект, само во првата фаза од инвестицијата ќе биде во можност да згрижи 360 корисници, што е за 50 корисници повеќе од  вкупниот број на згрижени во Република Македонија во сите приватни пензионерски установи.

„Европскиот комплекс и мобилен сервис за возрасни лица, всушност ќе претставува резиденцијален станбен комплекс за пензионери.

Медицински центар пак, ќе биде во можност да обезбедува широк спектар на здравствени услуги за резиденти и нерезиденти.

Истиот ќе биде изграден, опремен и управуван од стручни кадри и врвни професионалци во својата област.

Холистичкиот пристап и европските стандарди нужно подразбираат и „центар на заедницата“. Овој центар ќе опфати: супермаркет, фризерски салон, студио за масажа со физикална терапија, внатрешни и надворешни базени, ресторан, аптека, и др.

Во целина, ова ќе биде најголемо по големина и по обем на услуги, место за живеење и сместување на пензионери во земјата, кое поседува инфраструктура со која не само што ќе обезбедиме нега на постари лица, туку и станбени објекти за активни постари лица.