Во Карпош 1 и 2 се воведува зонско паркирање

Во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање, откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање. Од Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места, објави СДК.МК.

„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.