Во канал за наводнување кај Виница пронајден женски труп

Во канал за наводнување во близина на магистралниот пат А3 кај Виница е пронајдено безживотно тело на средовечна жена.

Констатирано е дека се работи за 56-годишната Јасмина Л. од кочанската населба Оризари, која пред неколку дена во Полициската станица во Кочани била пријавена за исчезната.

Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршила увидна екипа на ОВР – Виница, а по насоки од Основното јавно обвинителство – Кочани телото на починатата е предадено на семејството.