Во какви луѓе верувам?

Верувам во луѓе кои не мора да понижуваат друг за да се воздигнат.
Верувам во луѓе на кои не им треба некој да им каже што да мислат затоа што тоа го прават со своја глава.
Верувам во луѓе кои не поставуваат граници во размислувањето и делувањето.
Верувам во луѓе кои се свесни дека грешките влијаат на нивните животи и учат од нив.
Верувам во луѓе кои знаат дека треба да веруваат во себе ако сакаат да имаат исполнет живот.
Верувам во луѓето кои ја гледаат секоја криза и ја претвораат во најдобра можност.
Верувам во луѓе кои не веруваат во тие секојдневни лаги кои светот ги наметнува.
Верувам во луѓе кои знаат да донесат правилни одлуки во животот - со срце и ум заедно.
Верувам во луѓе кои веруваат дека можат да го контролираат својот живот.
Верувам во луѓе кои не се плашат да бидат херои на сопствениот живот.
Верувам во луѓе кои знаат дека само зборови не се секогаш доволни.
Верувам во луѓе кои знаат дека секој ден е најдобро време да го покажат своето најдобро лице.
Верувам во луѓе кои секојдневно градат волја и самоконтрола!
Верувам во луѓе кои научиле да ја одложуваат реакцијата кога не е добра.
Верувам во луѓе кои знаат дека минатото не ги одредува нивните животи.
Верувам во луѓе кои веруваат во нешто повеќе од самата материја.
Верувам во луѓе кои знаат дека никогаш не е доцна за вистински добар живот.
Верувам во луѓе кои знаат што им е важно во животот, а што е неважно.
Верувам во луѓе кои веруваат дека упорноста може да се развие.
Верувам во луѓе кои знаат дека само во ризикот нема ризик.
Верувам во луѓе кои веруваат во сето ова.

~ Марио Жувела