Во јуни конечно ќе дојде летото - тропските температури се на повидок

По дождливиот и студениот мај граѓаните едвај го чекаат вистинското лето во Македонија.

Можеби не толку топлото време колку сонцето за разлика од здодевниот дожд и студеното време кое го имавме речиси во изминативе три недели.

Според долготрајната прогноза за месец јуни не очекува речиси вистинско лето со температури и до 30 степени.

Во неделата кога започнува календарски летото од 21 јуни речиси секојдневно ќе имаме температура од над 30 степени, погледнете.

Но пред да дојдат тропските температури, следната недела не очекува малку дожд кој не би требало да ги разочара сите бидејќи ќе си замине за неколку дена.