Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов 9 се активни, 5 се под контрола и 26 се изгаснати.
Активни пожари има во општина Македонски Брод измеѓу село Тажево, село Брезника и Кракот кон Јасен, во општина Пробиштип кај селата Зелениград и Јамиште, како и кај селото Долно Барбарево, во општина Пласница помеѓу селото Пласница и селото Латово, во општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, во општина Зелениково измеѓу Смесница, Страхојадица и Градовци, во општина Охрид измеѓу Косел, Волино и Опеница, во општина Студеничани кај селото Вреќица, како и во општина Ново Село кај селото Бадилен.
Пожарите кај селата Негрево, Пресека, Татомир, Грешница и Патетино се ставени под контрола, рече Ангелов, додека изгаснати се во општина Свети Николе кај Долно и Горно Ѓуѓанци, општина Старо Нагоричане кај селата Малотино и Жегљане, во општина Липково кај селата Слупчане, Лојане, Ваксинце и Матејче, општина Радовиш на улицата Тоцко Андонов, во општина Боговиње кај селото Горно Седларце, општина Виница кај Виничко поле, општина Гостивар кај селото Дебреште, општина Струга кај село Ложани, како и на патот Струга – Калишта, во општина Дебар кај селото Блато и Спас, во општина Кичево кај селата Зајас, Мамудовци и Долно Пашино, општина Охрид на улица Јовица Новичич, во општина Сарај кај селото Горни Крушопек, Семениште, Рамниште и Копаница, во центарот на Скопје под Калето кај резиденција на МПЦ, во селото Студеничани, во општина Шуто Оризари на улица Гвадалахара, во општина Петровец кај селото Ржаничино, како и во општина Бутел кај селото Љуботен.
„Дождот кој врне локално засега не ни помогна никаде. Косел моментално е под контрола, има горење само во еден дол. Има доволно ресурси на терен“, изјави директорот на ЦУК Ангелов