Во Илинден крстот ќе се фрла во езерото на хотел Белви

По повод претстојниот православен празник Богојавление (Водици), Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“ и годинава традиционално по осми пат oрганизира положување на крстот во езерото на хотел Бест Вестерн-Белви, во населба Илинден.

По тој повод се повикуваат граѓаните на 19.01.2015 г. (вторник) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Заинтересираните што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати Богојавленскиот крст, обезбедени се пригодни подароци.