Во Хрватска се појави „флурона“ – истовремена зараза со грип и ковид

Во Хрватска вчера е откриен првиот случај на заразени со „флурона“, зараза на грип и коронавирус. Ова го откри д-р Андрија Штампар од загрепскиот институт за јавно здравје во гостувањето на емисијата на ХРТ, пренесува Индекс.

„Вчера ги откривме двете зарази кај пациентот. Вирусот на грип и коронавирусот. Не е непознато дека е можно да се заразиме со неколку патогени одеднаш. „Флу“ на англиски е грип, па затоа оваа комбинација ја нарекоа флурона. Доаѓа сезона на грип, која обично се појавува меѓу Божиќ и Велигден, а иако минатата година го немаше, имавме вакви слични случаи и во текот на летото. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика кај луѓето кои ги имаат двата вируса одеднаш“, рече таа. 

Инаку првиот случај на истовремена зараза со корона и сезонски грип, во светот, е регистрирана во Израел.