Во хотел во Струга пронајдена жителка од Шпанија барана со потерница

Триесет и девет годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерпол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле жената, која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.

- Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со 29 годишно лице од струшкото село Радолишта, по што без нејзина согласност некоклу дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот и 30 минути во полициската станица Струга приведен е лицето и со него извршен е службен разговор - изјави денеска Димоски.

За случајот, додаде, бил известен Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава