Во Грчец струјата е исклучена поради неплаќачи - Жителите протестираат пред ЕВН

По три дена селаните од Грчец решија да протестираат пред пунктот на ЕВН во Ѓорче Петров.

Пунктот го обезбедуваат специјалци на МВР. Ним им е исклучена струјата а ЕВН тврди дека има голем дефект и не може да се отстрани брзо поради нелегалните приклучоци на многу објекти во електродистрибутивната мрежа кои прават голем проблем во снабдувањето со струја.