Во Градскиот парк: Џез, фанк и реге...скопјани уживаа во танците од Африка (ФОТО)

Во Градскиот парк во Скопје вчера се одржа уште еден незаборавен настан. Феми Кути и „Позитив форс“ заедно со Македонската филхармонија ги донесоа звуците нa традиционалните африкански ритми, џез, фанк и реге, но и танците од Африка.

Африканскиот музички маг Феми Кути со неговиот бенд „Позитив форс“, оркестарот на Македонската филхармонија и Емин Џијан како диригент, направија Скопје да биде магичен град! 

Голем број намерници и случајни минувачи синоќа во Градскиот парк беа сведоци на врвна музика, енергична, моќна изведба, фантастичен звук и импресивни светлосни креации!Тоа беше концерт за кој долго ќе се зборува!!, рекоа од Македонска филхармонија.