Во градскиот буџет за 2019 година повеќе пари за животната средина, зеленило и социјала

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на Буџетот на Град Скопје.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

,,Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

-Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
-Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
-Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
-Буџет на донации – 130 милиони денари;
-Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните.Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори, соопштија од Градот.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот Буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје, се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи, се додава во соопштението.