Во градинката „Снежана“отворање кабинет за деца со посебни потреби

Во градинката „Снежана“, објект „Снегулко“ во Топанско Поле, денеска ќе биде отворен дефектолошки кабинет за деца со посебни потреби.

Отворањето на кабинетот финансиски го поддржа Турска агенција за соработка и координација – ТИКА.

На отворањето ќе присуствува амбасадорката на Република Турција во земјава, Тулин Еркал Кара.