Во ГОБ„ 8 Септември“ цел тим на лаборанти во изолација - заразени лекари и во Брзата помош

Цел тим од осум вработени Клиничка биохемија во ГОБ“8 Септември“ се ставени во самоизолација откако еден од нив се покажал позитивен на коронавирус, дознава НОВА ТВ. Таму два тима од по осум лаборатни одат во две смени. Сега се преполовени. Пет тимови по двајца лаборанти се задолжени да земаат бризеви за Ковид.

И двајца лекари од Итната медицинска помош се заболени со Ковид-19. Тие се на домашно лекување со лесна клиничка слика. Со еден од нив со кој НОВА, стапи во контакт вели дека нема други вработени во изолација бидејќи биле со заштитна опрема. Таму медицинскиот персонал потпишува изјави дека биле со комплетна опрема, со што не ја загрозиле сугурноста на останатиот медицински персонал.

Сепак, во текот на работното време и тие имаат време за пауза и доручек, кога ја тргаат заштитната опрема, скафандерите од себе.