Во Ѓорче Петров - изградба на спортска сала, проширување на паркинзи, асфалтирање на улици

Стартува изграбата на спортска сала во ООУ ,,Јоаким Крчовски”

Стартуваме! Конечно, после 60 години, основното училиште ,,Јоаким Крчовски” во с.Волково ќе добие спортска сала. Соодветни услови за физичко образование, развој на спортскиот дух и рекреирање на 400-тина ученици.

Ги започнавме техничките подготовки за изградба на нова типска сала која ќе се простира на површина од 650 м2 и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика.

По прилагодување на теренот, Министерството за образование и наука кое е инвеститор на овој капитален проект, ќе ја започне изведбата која треба да финишира најдоцна за една година.

Со овој спортски објект ќе го подигнеме спортскиот дух во нашата општина која години наназад пишува историја на врвни спортисти.
Грижата за спортот продолжува!

24.000.000,00 денари

Проширување на паркинзи во населба Даме Груев

По барање на жителите од населбата ,,Даме Груев” ги прошируваме паркинзите долж улицата ,,Лука Геров” како и кај повеќенаменското спортско игралиште на улица ,,Тиранска”. Со бехатон коцки ќе биде поплочена површина од 1400 м2.

Се очекува дека новоизградените паркинзи ќе го решат урбаниот проблем со недостиг на паркинг места за возилата на околното локално население.

Истовремено апелираме до граѓаните задолжително да ги отстранат возилата на постоечките паркинзи поради изведување на градежни работи секој работен ден од 08:00-16:00 часот, се до завршување на градежниот зафат.

1.105.151,00 денари

 Целосно оградено ООУ ,, Димитар Поп Георгиев Беровски”

Инфраструктурен зафат за поголема безбедност. Целосно го оградивме основното Димитар Поп Георгиев Беровски.

Поставена е заштитна метална ограда во височина од два и должина од 340 метри. Покрај главната влезна врата, поставени се уште две, пред влезот на градинката и лизгачка врата кон улицата „Алексо Демниевски“.  Сите три врати ќе се заклучуваат во попладневните часови.

Со поставувањето на оградата се зголемува безбедноста на учениците и се превенира појавата на девијантно однесување во вечерните часови.

641.725,00 денари

 Изградена нова пристапна рапма пред Домот на културата

Се залагаме и работиме на создавање  општество без разлики и еднаквост за сите. Секој заслужува еднаква шанса за остварување на своите права.

Го подобривме пристапот во Домот на културата во Ѓорче Петров. Наместо неадекватната рампа, изградивме нова  стандардизирана пристапна рампа со две монтажни патеки кои треба да ги премостат скалите во внатрешноста на Домот.

Општината досега има изградено 14 пристапни рампи во сите јавни установи на своја територија. Оваа година останува да се реши и вертикалната пристапност во основните училишта.

Нашите заложби се за рамноправност, целосно и достоинствено уживање на човековите права на лицата со хендикеп.

60.000,00 денари

 Издигнат пешачки премин-Димитар Поп Георгиев Беровски Хром

150.000,00 денари

 Почеток на атмосферската канализација во Дексион

Стартуваме со изведба на еден од најкапиталните проекти за годинава: изведба на колектор за атмосферска канализациона мрежа во Дексион.

Во тек се градежните активности на улицата ,,Кузман Шапкарев”-Крак 3. Во наредните 4 месеци ќе се работи и на Крак 1, улица Радуша-Црногорска во должина од 920 метри , а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

Со изградбата на оваа мрежа  ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината и ќе се реши деценискиот проблем на  жителите во Дексион.

Финансиската рамка е 10.000.000,00 милиони денари, пари кои општината ги обезбеди преку кредит од Светска Банка.

 Поставување на надворешна изолација во подрумските простории на ООУ ,,Ѓорче Петров”

Општината го решава проблемот со прокиснување на кујната и трпезаријата во основното училиште Ѓорче Петров. Со поставувањето  на надворешна изолација на темелите, се заштитува подрумот кој при секој поголем дожд  страдаше од поплави.

Трпезаријата и кујната е во функција повеќе од 7 години а неа ја користат децата од целодневниот престој.

За овој градежен зафат општината одвои околу 300.000,00 денари.

 Асфалт на  улиците 4,5 и 6 во ДУП  „Спортски терени“

Општината доби уште еден урбан кварт за живеење. Заврши градежниот зафат за асфалтирање на Новопроектираните улици кај зградите покрај Вардар веднаш до игралиштетео Македонски лавови.

Асфалтирани се улиците 4,5 и 6 во должина од 400 метри, широчината е 6 метри а покрај коловозот од двете страни поставени се тротоари во широчина од 2 метри. Претходно, поставена е атмосферска, канализациона и водоводна мрежа а квартот доби и модерно улично осветлување.

За реализација на овој зафат од буџетот на општината издвоени се околу 12.500,00 денари. 

Летна офанзива и инфраструктурни зафати во градинката ,,Росица”

По 38 години, комплетна реконструцијата на кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“. За 30 дена овој објект ќе добие реновирана кујна по сите нормативи и ХАСАП стандарди. Градежните работи  се изведуваат во попладневните часови како и за викендите. Појадокот и ручекот се одвиваат непречено а за нивно подготвување е оспособена помошна кујна.

Истовремено,  етапно ќе се варосува внатрешноста во објектот ,,Пампурче” во градинката во населбата Даме Груев. Средствата ги обезбеди градинката ,,Росица”.

Секое дете ни е важно, а овозможувањето на подобри услови за подобар раст и развој на сите деца ни е врвен приоритет!

 Инвестицијата чини околу 600.000,00 денари.

УВИД ВО ИЗГРАДБАТА НА НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО НАС. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин. Александар Наумоски заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин. Душко Весковски беа на увид на новата водоводна мрежа во нас. Ѓорче Петров. Новата цевка 400мм во должнина од 1124м ќе го подобри притисокот во овој дел од населбата.

Изработката и реализација на овој проект е резултат на потребата од дислокација на дел од овој постоечкиот магистрален водовод 400мм кој со својата сегашна траса се протега низ приватни парцели и имоти на жителите од овој дел од нас. Ѓорче Петров. Согласно проектот со новата траса изместувањето ќе се изврши на  јавна површина односно тротоарот на улиците –  дел од ул.„Радушка“ и ул.„Вера Циривири – Трена“ се до ул.„Ѓорче Петров“, што е во согласност со Деталниот Урбанистичкиот План за самата населба Ѓорче Петров. Со изместувањето на предметната делницата по јавна површина на оваа магистрална водоводна линија Ø400мм ќе се ослободат приватните парцели низ кои тој досега минуваше. Изместувањето на цевководот е предуслов за искористување на постојните парцели за урбанистички планираните намени кои ги предвидува  ДУП  за оваа локација, што значи дека ќе се создадат услови за изградба на објекти онакви какви што се предвидуваат со урбанистичкиот развој. Повеќе нема да постои опасност за оштетување на цевководот при секоја  изградба на нов објект во овој локалитет или нема да се случува намалување на површините за градба на секоја од градежните парцели низ кои тој досега минуваше од причина што беше задолжително почитување на заштитен коридот околу овој цевковод. Бидејќи се работи за магистралниот водовод DN400мм кој всушност е неопходен како транзитен цевковод не е предвидено директно приклучување на објектите на него, туку само поврзување со  останатата секундарна улична водоводна мрежа на него.

За изведба на дислокацијата на водоводот се предвидуваат водоводни цевки од полиетилен PE 100 RC со профил DN450мм. и должина L=1124м. Инвеститор за проектот е ЈП Водовод и канализација – Скопје, а вкупното чинење за реализацијата изнесува 20.026.300,00 ден.

Го враќаме и оживуваме некогашното корзо во паркот во Ѓорче Петров

Започнаа подготвките за изведба на корзото во паркот-белегот на општината, симболот на ноќниот живот и урбаното живеење во Ѓорче.

Во моментов во  првата фаза  се расчистува теренот, ќе се отстранува калдрмата и бетонските елементи од  тротоарите  а истовремено ќе се постави и подземна инсталација и ќе се нивелира  земјиштето  по што ќе следи подготовка за втората фаза за уредување на просторот.

За правата  фаза од општинскиот буџет се издвоени околу 6.000.000,00 денари.

Корзото најдобро го отсликуваше духот на старо Ѓорче.

Да им оставиме на идните генерации наследство за кое сега постојат само сеќавања. Да ја вратиме забавата , да го вратиме духот на заедништво!