Во Германија, Фајзер се препорачува за деца и млади со одредени заболувања

Германскиот советодавен одбор за вакцини денес препорача дека само децата и адолесцентите кои имаат други болести, треба да примат вакцина против коронавирус на производителот Фајзер.

Тие во изјавата наведуваат дека препорачуваат вакцинација само за оние млади луѓе кои имаат болести кои го зголемуваат ризикот од добивање сериозни случаи на коронавирус.

Одборот не препорачува да се дава вакцина на деца и адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои немаат други болести, иако може да има исклучоци, доколку лекар процени дека треба да биде примена.

Германија од јуни планира да понуди вакцинација на деца на возраст од 12 години, откако минатиот месец Европската агенција за лекови ја одобри вакцинацијата на адолесцентите.