
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера информираше дека екипите на ЈКП Гази Баба 2007 секојдневно спроведуваат акции за чистење на јавни диви депонии и уредување на јавни површини во сите делови на општината.
Како што информираше Стефковски во својата фејсбук објава, вчера се расчистувале „мини“ депонии на повеќе локации: Автокоманда, Караорман, Железара, Хиподром, Кај Фуле и Ханибал.
Тој апелираше до граѓаните да го депонираат отпадот на предвидените места.