Во функција првиот калистеника парк во Македонија - се наоѓа во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија.

Митески посочи дека овој калистеника парк е опремен со професионалната опрема од KENGURU PRO со цел да ги задоволи потребите и на рекреативците и на професионалните вежбачи.

„Со здрави навики градиме здрави и силни генерации“, порача тој.