Во функција посебна бригада на ЈП „Комунална хигиена“ чија единствена задача ќе биде чистење и одржување на кејот на Вардар

Традиционалните акции што ги организира Холандската амбасада се одвиваат веќе три или четири години на неколку локации во Република Македонија.

Овој пат е опфатен и кејот на реката Вардар во Скопје. Чувствувам дека тоа е порака и до мене како градоначалник и до вработените во ЈП „Комунална хигиена“, но и до сите нас коишто сме граѓани на Скопје бидејќи отпадот го создаваат луѓето.

Ова денеска го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на отворањето на туристичката сезона во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“.

- Во рамки на реорганизацијата на „Комунална хигиена“ веќе почна да функционира посебна бригада од 35 вработени чија единствена работна задача ќе биде чистење и одржување на кејот во беспрекорна состојба. Очекувам дека со нивната секојдневна работа и ангажираност во догледно време ќе го вратиме сјајот на кејот на реката Вардар и во еколошка, но и во естетска смисла на зборот, онаков како што заслужува да биде, рече Шилегов.