Во експлозијата што се случи во стан во Белград, најверојатно загинал македонски државјанин - подготвувал бомба наменета за ликвидација?

Во експлозија што се случи завчера на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија. Според информациите од српските медиуми, тој загинал додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација.

Се уште се чека официјална потврда на идентитетот.

„Оперативните информации укажуваат дека бомбата била за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот град е поврзана со структури за поддршка блиски до криминални групи“, изјави соговорник за српски Курир.

Експлозијата беше на третиот кат од зграда во Белград. Првичните информации се дека загинатиот го изнајмил на ден.