Во едно деноноќие приведени тројца крадци за издржување затворски казни

Полициски службеници од Полициска станица Гостивар вечра и денескаво Гостивар ги лишиле од слобода С.А. (32) и З.С. (26), двајцата од Гостивар и М.А.(37) од гостиварското село Србиново.

Според МВР, за трите лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на казни затвор, поради сторени кривични дела „кражба“, казниви по чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицата се спроведени и предадени во Казнено поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.