Во Џебното кино во МКЦ проекција на филмовите „Одлука“ и „Почетокот“

о почеток во 19 часот во Џебното кино во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“, во режија на Агим Абдула и продукција на Galaktika Pictures. По проекцијата, „Гледај.мк“ (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.

Синопсис на „Одлука“: Еден млад човек е принуден да донесе одлука: да го направи претходно договореното криминално дело или да спаси нечиј живот?

Синопсис на „Почетокот“: Светот е полн со лаги и измами. Луѓето не се сигурни дали тоа што го гледаат е реално или замислено, а реалноста е сосема поинаква. Дали смртта е крајот или почетокот?