Во дворот на основно училиште во Бутел ќе се гради нова градинка

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша одобрението за градење на нова детска градинка во дворот на ООУ Св.Климент Охридски во Бутел 1.

Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни, капацитетот на оваа градинка ќе има простор да згрижи 120 деца. Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до 2 години.

Костовски најави дека со работа се започнува многу наскоро!