Во дворот на Клиниката за детски болести во Скопје отворено детско игралиште

Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје од денеска е отворено детско игралиште. Тоа е изградено од Американската невладината организација ЛинкАкрос, во партнерство со софтверската компанија Армедиа и Клиниката за детски болести.

Во изградбата учествуваа вработени од Армедиа, како и други волонтери. Игралиштето е изградено од природен и квалитетен материјал и ќе биде прекрасно место за разонода на дечињата и нивните семејства додека ја посетуваат болницата.

Ова игралиште е второто од ваков тип изградено во партнерство меѓу ЛинкАкрос и Армедиа. Минатата година заедно реализираа сличен проект во основното училиште Кирил и Методиј во Стајковци.

Со овој проект се продолжува долгогодишната успешна соработка помеѓу ЛинкАкрос и Клиниката за детски болести во Скопје, како што во минатото беше проектот за отварање на педијатриски ургентен центар во болницата, како и воведување на нови методи на одделението за интензивна нега преку размена на искуство со Американски доктори.