Во текот на вчерашниот ден во два одделни случаи се уапсени Косовец и скопјанец поради криумчарење на вкупно 18 мигранти од Сирија.
Првиот настан се случил во близина на грчката граница кај селото Богородица во 16:15 часот каде бил упасен 61-годишниот У.Х. од Косово.
При преглед возилото „фиат добло“ со скопски таблички кое тој го возел биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сиирја
„Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно - транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Вториот случај е на другата страна на државата во близина на македонско - српската граница кај селото Табановце. Полицијата случајо го сопрела 27-годишниот К.Н. од Скопје на автопатот Табановце - Куманово.
„На наведеното место, полициски службеници сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце“ додаваат од МВР.
Од полицијата посочуваат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.