Во Друштвото на писатели на Македонија, утре (14 јуни) со почеток од 12 часот ќе се одржи средба под наслов “Некаде ѕвони: Збогувања со Матеја Матевски“.

Стихови од неодамна починатиот поет Матевски ќе читаат, но и спомени за него ќе споделат писателите: Благоја Иванов, Тања Урошевиќ, Раде Силјан, Делвина Крлуку, Владимир Мартиновски, Весна Мојсова-Чепишевска и Мишел Павловски.