Во Драчево се асфалтираат улици

Општина Кисела Вода со засилено темпо продолжува да ја подобрува инфраструктурата на својата територија.

Денеска во населбата Драчево започнаа активности за асфалтирање на улиците: „Таки Даскалот“ и „Филип Клајиќ“.

Покрај ова, на барање на жителите, во селото Драчево, Општината ја поплочи улицата „Домазетовска“. Со овие зафати, жителите конечно можат и ќе можат непречено да стасуваат во своите домови.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, направија увид во градежните работи на улиците.