Во Драчево казнети 89 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Драчево изречени се вкупно 89 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, три за нерегистрирани возила, две санкции за возење под дејство на алкохол.  

Изречени се и 11 мерки за возење над дозволената брзина и четири санкции за користење мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.