На 14.11.2017 г. (среда) со почеток во 12:00 часот, во домот на култура „Илинден” ќе биде отворена ликовна изложба на слики од третата Меѓународната ликовна колонија во Радовиш.

На изложбата ќе бидат претставени 50-на слики од 17 автори од земјата и од странство, создадени за време на годинешната ликовна колонија што се одржа во манстирскиот комплекс „Свети Георгиј“ во Ораовица, Радовиш.