Во домот на А.Џ. во Тетово пронајдено оружје и муниција

На 24.08.2019 во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.Џ. во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за автоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 мм. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодвена пријава.