Во депото на пајак-службата, автомобили со години ги чекаат сопствениците

„Паркирав само на 5 минути да купам нешто, како баш мене ме фативте“, ова е стандардната реченица која повеќето од сопствениците на возила  ја кажуваат како спас  од моментот кога ќе забележат дека пајак службата  се спрема да го крене нивното возило кое е непрописно паркирано.

Скопјани често пати знаат и љубезно да молат, но доколку воочат дека не им успева таквото однесување убавите зборови ги претвораат во пцости, клетви  и закани.

По налог на комунален инспекто пајак-службата ги крева непрописно паркираните автомобили низ градот. Депото на пајак-службата се наоѓа под Новата железничка станица, а наплатниот пункт работи 24 часа секој ден.

Доколку казната ја платите на лице место цената изнесува 1500 денари, а ако го подигнете својот автомобил од депото на службата ќе треба да платите 2500 денари. 

Пајак службата и сообраќајната полиција во акција за расчистување на градот Скопје од непрописно паркирани возила. Сообраќајната полиција во рок од 24 часа издала 151 мерка за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 106 возила.

Во депото на пајак-службата има паркирано и возила кои со години ги чекаат сопствениците. Но очигледно повеќето се имаат откажано од нив, а службата не смее да го фрли во отпад.

-  Рекордер е едно возило што се наоѓа таму речиси пет години. Сите овие возила се подигнати како хаварисани, односно нивните сопственици се откажале од нив уште пред да бидат донесени во нашето депо. Ние немаме право да се ослободиме од автомобилот сѐ додека сопственикот или корисникот на автомобилот не си го преземе - објаснуваат надлежните.