Во денови на висока аерозагаденост: За 50% ќе се зголеми цената на паркингот во Скопје

За 50 проценти ќе се зголеми цената на паркингот во Градот Скопје, во денови кога загаденоста е неколку пати поголема од дозволената.

За одлуката која вчера била донесена, од градските власти велат дека е во насока на намалување на аерозагадувањето, односно дестимулирање на граѓаните, за да не користат автомобили во денови кога во градот има енормно загадување, и за таа цел да користат алтернативни начини на превоз.