Во делови од дури пет општини утре нема да има струја

ЕВН ги известува граѓаните дека поради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  без електрична енергија утре (12 јануари) ќе останат следните корисници: 

- од 08:30 до 13:00 часот,  корисниците  од  дел од ул. Киро Крстевски. (Општина Кисела Вода)
- од 09:00 до 11:00 часот,  корисниците од делови од улиците: Раде Јовчевски Корчагин, Охридска, Преспанска, Петричка и  Ѓуро Ѓоновиќ. (Општина Центар)
- од 09:00 до 11:00 часот,  корисниците  од  стопанските и нестопанските објекти  на дел од ул. Новопроектирана во Индустриска зона – Визбегово. (Општина Бутел)
- од 09:00 до 15:00 часот,  корисниците  од  с. Смесница.  (Општина Зелениково)
- од 13:00 до 15:00 часот,  корисниците  од  дел од с. Чифлик. (Општина Сопиште)