Во делот со најубавите кафулиња и графити, Хотел Мона Плаза во срцето на Белград

Ако за некој дел од Белград може да се каже дека е срцето на градот, тоа е Дорчол.  Денес, Дорчол е едно од најубавите места за живеење во градот. Место кое со својата архитектура и атмосфера ја продолжува традицијата на минатите генерации.

Дорчол важи за најатрактивно место за живеење и престој на туристите. Урбаната архитектура, популарните локали го прават ова место привлечно за туристите. Студентскиот плоштад и шеталиштето покрај Дунав му даваат посебна убавина на Дорчол.  На улиците на овој дел од Белград ќе ги најдете театарот, филхармонијата и музејот, но и ексклузивните локали во кои може да се сретнат познати београдски ликови.

Во овој дел од Белград, на местото каде некогаш се наоѓала фабрика за чоколади, денес се наоѓа хотелот Мона Плаза категоризиран со четири ѕвездички. Ентериерот на хотелот е совршена комбинација на дизајн, индустриски и историски елементи која слатката фабрика ги оставила позади себе.

Хотелот е сместен на урбаната раскрсница на стилови и култури, во Дорчол. Сместувањето може да го резервирате во една од 170 соби, кои пружаат прекрасен поглед на преубавиот град. Освен големиот број на соби и конференциски сали во хотелот се наоѓа и кафетерија со богата понуда на десерти, ресторан, бар, фитнес центар и гаража на два спрата под хотелот.

Собите се дизајнирани се внимателни дизајнирани по мерка на секоја гостин. Неутралните и природни нијанси, топлата атмосфера и модерниот дизајн на стандардните соби дозволуваат одмор каков што сите заслужуваме.

Кафетеријата во ресторанот е сместена на местото каде пред повеќе од еден век постоела првата српска фабрика за чоколади. Просторот го задржал слаткото минато и во комбинација со урбаниот дизајн е создаден простор во која се доживува несекојдневно искуство.

Трагајќи по совршено место за одмор, секогаш се обидуваме да избереме хотел кој ќе биде сместен на добра локација, собите ќе бидат удобни, храната вкусна и услугата одлична. Нашиот искуство покажа дека Хотел Мона е место каде сите овие очекувања се исполнети.  Одличната атмосфера, насмевката и љубезниот персонал совршено се надополнува београдскиот шарм на градот.

Магијата на убавиот град и одличната атмосфера во Хотел Мона Плаза го прават престојот во Белград совршен и ја будат будат желбата за повторна и повторна посета – во истиот град и во истото местото. Испланирајте одмор, проверете ги цените и бидете гостин во Мона Плаза што поскоро.

Чувствувајте се како дома. Проверете ги специјалните понуди и уживајте во прекрасниот амбиент на Хотел Мона Плаза. И да не заборавиме, прошетајте низ улиците на Дорчол, направете муабет со познатите ликови од српските серии и познатите телевизиски програми.