
На социјалната мрежа „Х“ утрово беа објавени фотографии од локацијата на веќе доскорашниот паркинг до Рамстор Мол, каде во тек се подготовките за изградба на нова зграда, на кои може да се забележи како багерите ги корнат преостанатите дрвја кои останале.
Во својот „твит“, Дарко Арсовски напиша: „Во делот од градот каде дрво нема ни за лек сабајлево ги кршат дрвјата за новата зграда до Рамстор“.
На неговата објава се надоврза и профилот со псевдоним „Prussian Blue“, кој вели: „Летото (кога е најтоплото) кога ќе се помине во оваа околина пеш, не се издржува колку е топло. Неподносливо е. Една сенка нема... Се движиш како до печка“.
Летото (кога е најтоплото) кога ќе се помине во оваа околина пеш, не се издржува колку е топло. Неподносливо е. Една сенка нема... Се движиш како до печка
— Prussian Blue (@AntidoteThought) May 16, 2026
Во друг твит, профилот со псевдоним „Маршалот“ се надоврза и додаде: „Со касапење на МКБ и Цветан Димов ќе се закопа поледната шајка од ковчегот на град Скопје“.