Во декември просечната плата пораснала за 5,4 отсто

На самиот крај на 2020 година, просечната плата, според Државниот завод за статистика, изнесувала 28.294 денари (нето износ), односно пораснала за 54 отсто. 

Најзначајни зголемувања на платата биле забележани во областа на информации и комуникации, рударство, вадење на камен и здравствени и дејности од социјална заштита, но и финансиски дејности и осигурување.

Со тоа, просечната бруто-плата изнесувала 42.227 денари по вработен во декември 2020 година. Според овие податоци, индексот на просечна нето-плата споредено меѓу декември 2019 и декември 2020, изнесува 105,7, се вели во соопштението на ДЗС

Меѓутоа, најниската просечна нето-плата изнесувала 20.264 денари, од секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, што до одреден степен е и разбирливо, со оглед на законските мерки на претпазливост, за спречување на ширењето на заразата со коронавирус. Сосема очекувано, најпрофитабилна дејност е компјутерското програмирање, додека најниски административните и услужните дејности.