Во четврток ќе ја пречекаме вистинската есен

Метеоролозите најавуваат дека целиот ден ќе биде сончев и топол со слаб ветер од северен правец.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 26 степени. Значи идеално за прошетки во природа. Особено ако се знае дека сончевото и топло време ќе се задржи до вторник, a во среда ќе се зголеми облачноста и дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, со тоа што дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.