Во Чаир се дезинфицира, но и се гради

Општина Чаир информира дека во континуитет се дезинфицираат главните и споредните улици.

– Продолживме со дезинфекција на улиците во Чаир, со што докажуваме дека властите си ја вршат својата работа, затоа ви преостанува на вас почитувани граѓани да го направите тоа што вам ви следи, да бидете максимално внимателни во оваа вонредна состојба во која се наоѓаме – истакна градоналаникот Висар Ганиу.

Но, корона вирусот не ги запре градежните работи во оваа скопска општина.

– Пешачките патеки и создавањето на нови места за паркирање пред колективните станбени згради претставуваат две од најчестите барања на граѓаните, во исто време и наше ветување во ова поле. Еден од ваквите проекти е речиси завршен на улицата „Август Цезарец“, во населбата Топанско Поле со површина од 450 квадратни метри – напиша Ганиу на Фејсбук.