Во близина на општинската зграда во Чаир денеска беше промовиран паркот „Украина“.
Како што информираат од општината, со промоцијата на паркот ја изразуваат својата поддршка за Украина.
- Со промоцијата на паркот „Украина“ ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и Соединетите Американски Држави, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, пренесуваат од општината.
Тој потсети дека војната не е решение за ниту еден проблем, а уште помалку убивањето на невини цивили, бидејќи со војна не можеме да го промениме светот на подобро, но со мир да.
На промоцијата присуствувала и амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која рече дека денешното случување е многу контрастно во споредба со вестите што секојдневно ги добиваат од Украина.
- Оваа инспиративна вест беше многу контрастна во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од самата Украина. Денеска имаме одлична можност да добиеме од општина Чаири на град Скопје морална и духовна поддршка, која е бесценета, рече амбасадорката.