Во центарот на Скопје денеска и утре изменет сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.