Во центарот на градот: Тепачка меѓу шест лица пред објект во градба

Вчера се случила тепачка меѓу шест лица на подрачјето на Центар.

- На 11.01.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од СВР Скопје приведени се М.К.(33), Ј.К.(19), А.К.(42) и А.Т.(36), сите од Р.Турција, по пријава од Ќ.Ј.(44) и Ј.Ј.(22), двајцата од с.Чифлик, скопско, според која околу 11.00 часот пред објект во градба на подрачјето на Центар, додека извршувале градежни работи, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати со тврди предмети од пријавените кои, исто така, извршувале градежни работи на објектот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.