Во Центар со „пајак“ подигнати повеќе од 200 возила за една недела

Во тек на една недела, само во Центар, со пајак-возило било интервенирано 206 пати. 

Како што соопштуваат од ПОЦ, „во периодот од 17.05. до 23.05.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.“

Сите подигнати и санкционирани возила го попречувале нормалниот тек на сообраќајот.