Во Центар, на паркинг, во автобус - тепачките станаа секојдневие во Скопје

Не поминува ден без инциденти во главниот град. Полицијата секојдневно нотира по неколку случаи на физичко насилство, пресметки и нарушување на јавниот ред и мир во Скопје и околината. 

Само вчера МВР информираа за две тепачки. 

-На 22.09.2022 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.М.(33) од Скопје пријавил дека пред влез од угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, каде е вработен, бил физички нападнат од Д.Л.(40) од Скопје, исто така, вработен во објектот.-

-Завчера на паркинг простор во јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Г.Н.(46) и Н.Ш.(42), двајцата од Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок против сторителите. 

Случајот кој посебно ја потресе јавноста е крвавиот инцидент меѓу малолетници во автобус. 

-На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет. Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесниц и во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти вчера полицијата.