Во Центар и на Бит Пазар кучиња искасаа маж и жена

Маж и жена од Скопје биле нападнати од кучиња скитници вчера на улица.

Првиот инцидент се случил во 8.20 часот. Во полициската станица во Центар, 46-годишниот И.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Васил Ѓоргов“ бил каснат од куче скитник за левата потколеница.

Во 19.30 часот во полициската станица на Бит Пазар, 49-годишната А.А.од Скопје пријавила дека на улицата „Крсте Асенов“ била касната од куче скитник за десната потколеница.