Во Бутел утрово бираат Папа

И покрај влажното време денеска некој во Бутел се потрудил и запалил огромен оган од кој се креваше огромен црн чад. Целата околина смрдеше на изгорена гума и пластика.

Минувачите кои се движеа по обиколницата беа сведоци на овој крајно нецивилизиран чин во време кога загаденоста на воздухот бележи рекорди. 

Локацијата е видлива од далеку па инспекциските служби слободно можат да реагираат оти дејствието се уште е во тек.