Во Бутел пред Задушница украдени и уништени 30 бисти излеани во бронза

Многумина скопјани што викендов за Задушница ги посетија гробиштата во Бутел беа непријатно изненадени затоа што на гробовите недостасувале бистите излеани во бронза.

Според информациите, во изминативе денови биле украдени триесетина бисти, објави „Слободен печат“.

– Дојдов на гробот на мојот починат татко и таму ја немаше неговата биста. Пријавив во Дирекцијата на гробиштата и оттаму ми рекоа дека се украдени триесетина бронзени бисти. Претпоставувам дека се украдени за да бидат продадени во старо железо, но не ми е јасно како е можно да не се води никаква грижа за гробиштата – вели Горан од Скопје.