Во Бугарија расте бројот на новозаразени со коронавирус

Бугарија забележа уште еден рекорд со новоинфицирани граѓани од коронавирусот со бројка од 6.816 заразени за 24 часа од направени 50.356 тестови.

Рекордот на пролетниот бран на пандемијата беше соборен во вторникот, но загрижувачки е што зголемувањето за само еден ден е нови 1.000 случаи. Вкупно 87,54% од новозаболените се невакцинирани.