Во буџетот на МТСП нема пари за зголемување на пензиите

Министерството за труд и во 2018 добива најголем дел од државниот буџет.

Со вкупно над 700 милиони евра ќе ги подобрува состојбите во областа на трудот и социјалната заштита, заштитата на децата и ранливите категории граѓани ќе овозможи законско усогласување на пензиите и нивна редовна и навремена исплата и ќе работи на намалување на невработеноста.

- Предлог-буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година е највисок во износ, во споредба со сите ресори затоа што најголем дел од средствата одат директно кај граѓаните - рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. 

Најголем дел од парите од буџетот на ова Министерство, 474 милиони евра ќе одат за редовна исплата на пензиите и нивното редовното законско усогласување. Покачување и оваа година нема да има.

Не се предивдени ниту пари за зголемување на социјалната помош. Од друга страна експертите констатираат дека заради реалниот годишен раст на цените на годишно ниво и проектираната инфлација мора да има покачување на пензиите и социјалните трансфери во спротивно ке дојде до осиромашување на овие ранливи категории.