Во близина на Скопје: Дали сте ја виделе оваа уникатна градба позната како „малиот замок“?

Уникатна и фасцинантна, но оставена и напуштена, времето си го направилo своето.  На патот од Долно Лисиче кон Драчево се наоѓа оваа куќа која наликува на замок и по тоа е наречена „малиот замок“.   

Скопјани, велат дека објектот првенствено бил наменет за салон за детски мебел, а потоа бил пренаменет во детска игротека.  Поради пандемијата која го зафати светот игротеката била затворена и денес оваа зграда е напуштена и нефункционална. 

Интересен објект кој вреди да се посети, види и фотографира. На следниот линк може да ја видите точната локација.